Историска средба на Бајден и Путин: Се затвора небото над Женева
Швакцарија наголемо се подготвува за самитот на рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден, што треба да се случи на 16 јуни во Женева.
Иако властите по повод безбедносните мерки ништо не соопштуваат ниту се огласуваат, во швацарските медиуми веќе протекоа некои детали за тоа дека небото над Женева ќе биде затворено, дека градот ќе го надлетуваат ловци Ф-18 и дека на плажите на Женевското Езеро ќе бидат поставени противвоздушни системи.
Страницата НЗЗ СОнтаг пишува дека на 16 јуни над Женева и околината ќе биде затворен комплетно воздушниот простор и ќе бидат воведени некои видови зони забранети за лет.
Сојузната канцеларија за цивлно воздухопловство ги разработува деталите за затворање со швајцарското воздухопловство, контролата на летање Скигајд и неколку сојузни агенции. Според нив, воспоставен е процес, сличен на оној за време на Светксиот економски форум во Давос.
Од друга страна, се појави еден проблем, а тоа е границата со Франција. Имено, бидејќи Женева се наоѓа на само неколку километри од границата со Франција, стварање зона забранета за летови за самиот кантон може да претставува проблем, затоа што оквирно мора да го консултира и официјалне Париз и можен разговор за тоа. Бидејќи Швајцарија не е членка на НАТО пактот, но има одлични односи со Париз и со алијансата овие бирократски препреки брзо ќе бидат разрешени.
Силите за безбедност во последните денови ја прегледуваа плажата „Еаук – Вивис“ во Женева за евентуално да постават противавионска опрема, наведува весникот.
Сојузната влада следната недела треба да донесе одлука за официјално распоредување на војската. Од своја страна, кантонската полиција на Женева изнајмува неколку оклопни возила на швајцарската војска.