Исламисти соборија авион на сириската Влада и го заробија пилотот
Џихадисти соборија авион на сириската Влада и го заробија пилотот, што е прв таков случај по ескалацијата на судирите во последните месеци на северозападот на Сирија, соопшти невладиниот Центар за мониторинг на човековите права во таа земја.
Авионот -ловецот Сухој ја надлетувал областа источно од Хан Шејхун, клучен град на југот на Идлиб, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.
Припадниците на групата Тахрир ал-Шам го заробиле пилот, откако тој се катапултирал.
Рахман, исто така, рече дека тоа е првиот соборен сириски авион откако во април, сириските владини сили и нивните руски сојузници речиси секојдневно вршеја бомбардирање на покраината Идлиб и делови од соседните Алепо, Хама и Латакија.