Исак Херцог избран за претседател на Израел


Исак Херцог пред Кнесетотт по изборот за претседател

Исак Херцог, претседател на Еврејската агенција и поранешен шеф на Лабуристичката партија, беше избран во средата за единаесетти претседател на Израел.

Херцог ја победи Миријам Перец, социјален активист кој ја надмина загубата на двајцата нејзини синови кои загинаа во војна за да стане просветен работник и добитник на награда на Израел, со 87 гласа (најмногу што кандидат за претседател некогаш има освоено) наспорити нејзините 26.

На тајните избори, на кои сите 120 членови на Кнесетот имаа право да гласаат, тројца беа воздржани, три гласа беа дисквалификувани, а еден пратеник, претседателот на исламската арапска партија Ра’ам, Мансур Абас, не гласаше.

Херцог, кој е син на шестиот израелски претседател, Хаим Херцог, и внук на првиот главен рабин во Израел, ќе го наследи Ревен Ривлин кога мандатот ќе му заврши на 9 јули.

Во својот прв говор откако беше избран, Херцог рече дека има намера „да гради мостови“ во израелското општество и со еврејската дијаспора, да го поттикне претприемништвото, „да се бори против антисемитизмот и омразата кон Израел“ и „да ги заштити темелите на нашата демократија“.

„Ја прифаќам тешката одговорност што ја ставивте врз мене. Ја прифаќам привилегијата да ѝ служам на целата израелска јавност“, рече тој.

Перец го нарече Херцог сакан и достоен претседател и истакна дека нејзините молитви и оние на нацијата се посветени на неговиот успех во улогата. „Неговиот успех е наш успех“.

Добро поткован со професијата во една од врвните фирми во земјата (која ја основал неговиот татко), семејната приказна на Херцог е блиска со  своевидно израелско благородништво. Тој е внук на првиот израелски главен рабин, Исак Херцог, по кого е именуван, и син на поранешниот генерал-мајор, а потоа и претседател Хаим Херцог. Неговиот брат Михаел е пензиониран бригаден генерал. Неговата тетка Сузи беше сопруга на поранешниот министер за надворешни работи Аба Ебан.

За неговите 15 години во Кнесетот, тој стана познат како менаџер со меки зборови и со благо однесување. Тој водеше кампањи со почит и одби да учествува во лутата политичка кавга што ја дефинира фрагментираната политика на земјата. (Тајмс оф Израел)