Иран се пожали во ОН за „опасната и агресивна реторика“ на Трамп


Иран денеска поднесе официјална жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) поради „опасните и агресивни“ изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи ги како „флагрантно прекршување на меѓународното право и Повелбата на ОН“.

Трамп вчера се закани со воздушни напади врз Иран и дополнителни царини доколку Техеран не се согласи да потпише нов нуклеарен договор со Вашингтон.

Во писмо до ОН, во кое дел од новинските агенции имаа увид, иранскиот амбасадор во Светската организација, Амир Саид Иравани, истакна дека Техеран „испраќа сериозно предупредување против каква било воена авантура и ќе одговори брзо и решително на секој чин на агресија или напад од страна на САД или нивните сојузници – израелскиот режим – врз суверенитетот, територијалниот интегритет или националните интереси на Иран“.