Инстаграм ќе ви овозможи да ги изберете темите што сакате да ги гледате


Инстаграм тестира нова опција што ќе им овозможи на корисниците да имаат поголема контрола врз содржината што им се прикажува.

Социјалната мрежа Инстаграм воведе нова функција наречена Вашиот алгоритам, која им овозможува на корисниците да видат и рачно да ги прилагодат темите што сакаат алгоритмот да ги препорача. Засега, опцијата е достапна само за делот со видео клипови, т.е. табот Reels, додека наскоро ќе стане достапна глобално.

Кога ќе ја допрете иконата со две срца со лизгачи во Reels, ќе се појави листа на теми за кои Инстаграм смета дека ве интересираат, врз основа на вашата мината активност. Од таа листа, можете да ги отстраните оние теми што не сакате повеќе да се прикажуваат, а доколку сакате, можете да додадете и нови.

Ова прилагодување на алгоритмот им дава на корисниците поголема контрола врз содржината што им се прикажува и помага фидот да биде порелевантен и прилагоден на нивните интереси.

Наместо постојано да се појавуваат случајни или неинтересни видеа, ќе можете да одлучите да гледате само она што е навистина важно за вас, без разлика дали станува збор за музика, спорт, мода, образование или некоја друга област.

Ќе имате потранспарентен увид во тоа како функционира алгоритмот и врз основа на кој дава препораки, со можност за негово прилагодување.

Функцијата моментално е во фаза на тестирање и е достапна за одбрани корисници; можно е постепено, во наредните недели или месеци, да стане достапна за сите.