Иновативниот уред IQOS достапен и во Веро Куманово

Новата 5та IQOS -Поп-Ап продавница во склоп на Веро маркети, овој пат во трговскиот центар Ла Плаза во Куманово е уште едно место каде е достапен иновативниот уред IQOS.
Работното време е од 11:00 до 17:30 часот, освен во среда, и со ова Поп Ап продажно место се проширува мрежата на достапност и поддршка за сите постоечки IQOS корисници и возрасни пушачи кои сакаат да се информираат за подобрите алтернативи на цигарите.
Бренд семејството IQOS ILUMA вклучува три модели на уреди, кои се засновани на иста технологија на индукциско загревање. Сите три модели на уреди го загреваат, а не го согоруваат тутунот, со што се намалува нивото и количината на штетни материи во просек и до 95 проценти во споредба со чадот од цигарите. IQOS не е без ризик, создава никотин кој предизвикува зависност, но претставува подобар избор за возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат.
Од 2008 година, Филип Морис инвестираше повеќе од 14 милијарди долари за развој, наука и комерцијализација на продуктите без чад. Овој иновативен уред е достапен на 95 пазари во светот и вкупно го користат 32,2 милиони луѓе, кои целосно се откажале од пушењето и направиле промена кон подобра алтернатива.
Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.
(Kомерцијален текст)