Индонезија: Во лизгање на земјиште загинаа 11 луѓе
Обилните дождови и невремето на западот на Индонезија покренаа лизгања на земјиште кои однесоа 11 човечки животи, а повредени се уште 18.
„Првото лизгање на земјиште го предизвика силен дожд, а потоа се створи лизгање на земјиштето на теренот каде спасувачите се обидуваа да ги евакуираат загрозените мештани“, изјави претставник на агенцијата за вонредна состојба, пренесе Ројтерс.
Претседателот Џокоо Видодо ги предупреди граѓаните уште минатиот октомври на можноста од метеоролошкиот феномен „Ниња“ кој може да донесе лоши временски прилики кои може да предизвикаат поплави, да има лизгање на земјиште и да бидат загрозени земјоделските насади.
„Ниња“ е следен со необично ниски температури на воздухит во екваторијалниот појас на Тихиот Океан.