„Ин стајл“ ги награди ѕвездите, тие го промовираа трендот на сезоната


САД- Наградите „InStyle“ за 2021 година ги собраа некои од најголемите ѕвезди на годината кои заслепуваа на црвениот килим со својот моден изглед.

Миранда Кер во ДиГ

На годишната церемонија на доделување награди, која им оддава почит на годишните стилски ѕвезди, трендсетерки и дизајнери, дојдоа Ела Фенинг, Фиби Дајнвор, Никол Кидман, Зои Кравиц, Рис Витерспун, Кејт Хадсон, Аманда Горман… и уште многу познати личности.

Каја Гербер во Меквин, Синди Крафорд во Мисони

Бојата металик и светките беа некои од најголемите модни трендови во текот на ноќта забележани на црвениот килим. Витерспун и Хадсон избраа тоалети од колекцијата на Мајкл Корс . Модната икона Кидман, исто така, тргна по металик пат, избирајќи виолетов фустан Armani Privé од пролетната колекција за 2009 година.

Енди Мекдауел во Диор

Синди Крафорд и Каја Гербер, исто така, избраа светкави креации за наградите InStyle 2021 година, мајката во тоалета на Missoni, а ќерката фустан со реси на Александар Меквин.

Ела Фенинг во Балмен

Најмногу внимание привлече Ела Фенинг која носеше златен кроп топ сличен на синџир со вградено макси црно здолниште од колекцијата на Balmain за пролет 2022 година. (АП)

Аманда Горман