Имунитетот на корона вирусот може да трае со години, па и со децении


Покрај досегашното уверување дека имунитетот на корона вирусот кај оние кои се разболеа од Ковид-19 трае три месеци, а потоа брзо слабее, најновото истражување покажа дека тој трае со години, а може да трае и со децении.

Со новото истражување откриено е дека лицата кои оздравеле од Ковид-19 развиле издржливи нивоа на Бе и Те келиите.

Овие келии му се неопходни на огранизмот за борба против вирусот и може да бидат присутни присутни во телото многу долго.

Истражувачите анализирале примероци од крв кај 185 пациенти на возраст од 19 до 81 година, а кои на почетокот од пандемијата биле позитивни на корона вирсуот, и откриле дека повеќето од нив инаат доволно имуни келии за борба против вирусот и спречување на повторна инфекција.

Покрај тоа, антителата се покажале како издржливи, со многу слаб степен на опаѓање, што значи мног години, а потенцијално и децении заштита од корона вирсупт, пренесе Форбс.

Иако, ова ново истражување не е рецензирано, Њујорк Тајмс го нарекува „најсеопфатно истражување на одговорот на имунолошкиот систем на корона вирусот“.

Дописничката на Њујорк Тајмс, Апурви Мандавили појаснува дека повеќето поединци заразени со кроона вирус ќе бидат „многу долго заштитени од повторни инфекции“, додека вакцините може да произведат и уште подолга заштита на имунитетот.

„Веројатно нема да треба да ги вакцинираме луѓето секоја година како шт се плашевме“, пишува Мандавили.

За потсетување, неодамна научниците открија дека луѓето кои преживеале САРС, кој исто така е предизвикан од корона вирус, и понатаму носат важни имунолошки келии 17 години по заразата. Истражувачите, исто така, се надеваат дека проучувањето на антителата може да помогне во развојот на лекови за спречување или чекување на Ковид-19.