Илјадници излегоа на улица во Лондон: Затворањето убива!


Неколку илјади луѓе се собраа денеска на протест против рестриктивните мерки во центарот на Лондон, покрај ограничувањата за масовно собирање поради пандемијата од Ковид-19.

Собирот го нарекоа „Обединети за слобода“.

Демонстрантите сметаат дека рестриктивните мерки се потребни и дека претставуваат кршење на човековите права. Тие се противат на вакцинацијата, носењето маски и ткн. здравствени пасоши.

Според медиумите, на протестот имало околу 10.000 луѓе, иако метрополитен полицијата не ја потврди цифрата, пренесе Ројтерс.

Денострантите извикувале пароли „Слобода“ и „Симнете ги маските“, а некои носеле и плакати на кои пишувало „Не за вакцинални сертификати“ и „локдаунот убива“.

Повеќето присутни биле без заштитни маски.

Портпаролот на полицијата рече дека немало апсења.