Илјадници демонстранти бараат оставка од премиерот на Ерменија
Неколку илјади демонстранти протестираа денеска во центарот на Ереван барајќи оставка од ерменскиот премиер Никола Пашињанин.
Поединечни демонстранти се судрија со полицијата пред зградата на владата, а уапсени се 21 лице, пренесе АП.
Протестите против Пашињанин се одржуваат од ноември, кога со Азербејџан потпиша спогодба за прекин на огнот во Нагорно Карабах.
Со спогодбата на Азербејџан му е отстапена територијата која беше под ерменска контрола од средината на деведесеттите години.
За 44 дена судир околу Нагорно-Карабах кон крајот на минатата година загинаа околу 6.000 луѓе.
Пашињанин одби да поднесе оставка, но навести можност за одржување предвремени избори, наведува АП.