Илиевски: Максим Димитриевски остварил само 2.000 метри гасификација наместо 25.000
Кандидатот за градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски, најави итна и целосна гасификација на сите индустриски зони во Куманово, како и помош од локалната самоуправа во изградбата на критичната инфраструктура за сите индустриски зони ако биде избран во вториот круг за градоначалник.
-Владата предводена од СДСМ само за развој на оваа индустриска зона Новини која е од големо значење за Куманово и за целата држава, инвестираше 20 милиони денари во изградба на пристапни патишта, водоводна, фекална и атмосферска канализација. Ние тој успех ќе го продолжиме и надоградиме преку Секторот за локален економски развој, кој ќе биде ставен на располагање на бизнис секторот во Куманово, за секоја нивна потреба и приоритет. Мора да ги направиме кумановските бизниси поконкурентни на домашните и меѓународните пазари.
За таа цел, преку Секторот за локален економски развој ќе формираме тимови за истражување на меѓународните и домашните пазари, за да нашите домашни компании ги насочиме во кој сектор да инвестираат. Индустриската зона Новини се наоѓа на коридорот 10, што значи се наоѓа на многу атрактивна локација за домашни и странски инвеститори. На површина од 61 хектар, тука Владата веќе донесе неколку домашни и странски инвестиции, изградени се индустриски капацитети, со лесна и незагадувачка индустрија.Оваа индустриска зона 10 години беше само на хартија, затоа што претходната Влада немаше слух за потребите и за развојот на Општина Куманово. Владата предводена од СДСМ инвестираше во Куманово како ниедна друга Влада досега, порача Илиевски.
Во Општина Куманово, според Илиевски, досега се реализирани само 2.000 метра гасификација наместо 250.000 метра.
-Ако се продолжи со ова темпо, општината ќе биде гасифицирана за 90 години. Тоа, е недозволиво и затоа ова е дел од нашата стратегија на задржување и враќање на младите тука дома, во родниот град, порача Илиовски.