ИФИМЕС: Бугарија ги користи тензиите меѓу Србите и Албанците за да „најде“ што повеќе Бугари во Косово
Додека тензиите меѓу Србите и Албанците се во пораст, Бугарија ја користи постојната ситуација за да „најде“ што повеќе Бугари во Косово и да им даде државјанство, се вели во анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана.
Косово не е подготвено да спроведе попис на населението во согласност со стандардите на ЕУРОСТАТ во периодот од 1 ноември до 15 декември 2023 година. Пописот е важен за Косово со цел да се соберат веродостојни податоци и врз основа на кои би можел да се планира идниот развој. Иако според методологијата на ОН при пописот на населението не е задолжително да се изјасни етничката и верската припадност на територијата на Косово, но и во регионот, оваа декларација е од најголем (национален) интерес“, се наведува во анализата.
Аналитичарите нагласуваат дека „додека тензиите меѓу Србите и Албанците се во пораст, Бугарија ја користи постојната ситуација за да „најде“ што повеќе Бугари на Косово и да им даде државјанство“.
„Особено на удар се Бошњаците и Горанците, чиј број значително ќе се намали поради агресивноста на Бугарија, која од нив создава ‘нови Бугари‚ токму со доделување државјанства и бугарски документи. Бугаризацијата на Косово е засилена токму поради пописот, затоа што Бугарија сака преку пописот да го легализира присуството на Бугарите во структурата на косовското население, а следниот чекор е да ја вклучи бугарската заедница во уставот, како што веќе се бара од Република Северна Македонија. Целта е Бугарите и официјално да станат еден од т.н немнозински заедници во Косово“, се истакнува во анализата.