И во Србија прашуваат зошто е поскапа цената на маслото за јадење


Маслото за јадење во продавниците е поскапо отколку пред една година, а цената скокна за околу 30 динари во просек (15,7 денари), а некаде дури и повеќе. Минатата година откупната цена на сончогледот беше 38 динари (19,9 денари), што заедно со цената на производство на маслото за јадење, ДДВ и трговските маржи, обезбедуваше цена под 130 динари (68,13 денари), пишува Блиц.

Ова покажува дека цената на сончогледовото масло за јаддење се зголеми неправедно, изјави за РТС Воислав Станковиќ, агро-економски аналитичар. Тој вели дека во следниот период производителите на масло за јадење ќе ја пресметаат откупната цена на сончогледот на 49 динари (25,6 денари), што заедно со другите коефициенти овозможува малопродажна цена под 150 динари (78,6 денари).

Станковиќ посочува дека Србија, заедно со Франција, има фантастични услови за производство на маслодајни семиња и соја. Во последните три години производството достигна 700.000 тони на 226.000 хектари и со принос од 3,1 тони, пренесува РТС.
Минатата година, поради климатските услови, произведени се 637.000 тони.

„Сепак, годишно произведуваме 180.000 тони сончогледово масло за јадење. Треба да се каже дека квалитетот на маслото за јадење е одличен, стандардите се високи и тие се значително повисоки од ЕУ. Во ЕУ, при производството на масло за јадење ако содржи 51 процент сончоглед, маслодајна репка и соја е прогласено за сончогледово масло. Кај нас 90 проценти од маслото се прави од сончоглед“ – објаснува Станковиќ.

Во Србија годишно се трошат 12 литри по жител, односно 82.000 тони, што ги задоволува домашните потреби и остава околу 100 тони за извоз.

Станковиќ посочува дека цената на маслото за јадење расте, затоа што сега е фаза на сеење. Ова е традиционално во оваа фаза со цел да се стимулираат поголеми површини за сеење, а мелничарите намерно предизвикуваат раст на цените со цел да се поттикне поголемо производство по хектар.

Тој нагласува дека сеидбата била прекината, бидејќи климатските услови не биле задоволителни. Потребна е минимална температура на ораниците од 10 степени, а сега сеидбата ќе продолжи на 220.000 хектари и додава дека постудениот април годинава нема да претставува проблем за следната реколта на сончоглед.

Според агро-економскиот аналитичар, државата не треба да интервенира. Постојат две можности. Едниот е преку стоковните резерви, при што можностите се ограничени на 8-12 илјади тони, а втората е евентуално од увоз.

„Сепак, производството на масло за јадење во регионот потфрли, особено во Романија и Бугарија, а производството е нешто пониско во Русија и Украина. Романија и Бугарија се обидуваат да набават сончоглед од подалечни дестинации, поточно од Бразил. Пандемијата и проблемите во транспортот ја ограничуваат можноста за набавка и трансспорт“, вели Станковиќ.
Тој смета дека фиксирање на цените не е добро решение, бидејќи условите на пазарот, законот за понуда и побарувачка не треба да се уништуваат, бидејќи тоа само ќе предизвика контраефекти.