И по девет месеци астронаутите нема да се вратат од вселенската станица

„Спејс-Икс“ во последен миг го откажа лансирањето на ракетата за замена на екипажот на Меѓународната вселенска станица, што требаше да го почне и долгоочекуваното враќање на американските астронаути Буч Вилмор и Сани Вилијамс.
Вилмор и Вилијамс се заглавени на МВС девет месеци по пристигнувањето со нефункционалниот „Боинг старлајнер“. Воздухоплловно-вселенската компанија „Спејс-Икс“ вчера го откажа летот поради технички дефект и проблеми со лансирната рампа на ракетата, соопштија официјалните лица за време на директниот пренос од одбројувањето пред лансирањето.
Ракетата на „Спејс-Икс“ требаше да полета од Вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал вчера приквечер, со екипаж од двајца астронаути од САД и по еден од Јапонија и Русија. Астронаутите требаше да се вратат на Земјата на 16 март.
Времето на следната прилика за лансирање не е објавено.