И онлајн може да се купат влезници за Зоолошка


Откријте го шарениот и разновиден животински свет на Зоолошката градина – Скопје преку новата мобилна апликација Skopje ZOO, која е достапна на Play Store и App Store.

Една од главните карактеристики на апликацијата е што за прв пат ќе можат да се купуваат единечни или групни билети онлајн, што во време на препорачана социјална дистанца е повеќе од посакувана опција. Skopje ZOO апликацијата содржи и дигитална мапа за навигација, која откако ќе го изберете животното или објектот што сакате да го видите, ќе ви покаже рута како најлесно да стигнете до таму.

Апликацијата е креирана за сите посетители на Зоолошката градина Скопје, едноставна е за користење и нема потреба од креирање кориснички профил.
Достапна е во три јазични верзии, а може да се преземе бесплатно од:
Google Play Store
Apple Store
Преземете ја Skopje ZOO апликацијата
Онлајн купувањето билети е достапно и преку веб на следнот линк: https://zooskopje.telekom.mk/