Хрватска регистрира 677 нови случаи со корона вирус, четворица починаа


Во последните 24 часа забележани се 677 нови случаи со Ковид-19, а бројот на активни во Хрватска се искачи на 2.951.

Меѓу нив 356 пациенти на болничко лекување, а од нив 46 се на респиратор.

Истовремено, починаа четири пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска забележани се 370.985 заразени со корона вирусот, а починаа 8.310.

До денеска тестирани се 2.490.899 лица, а 10.453 во послендите 24 часа.