Хуавеи гради фабрика на исток во Франција, прва надвор од Кина


 Кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи ќе изгради фабрика на истокот на Франција за производство на опрема пред се поврзана со технологијата 5G, прва нејзина таква фабрика надвор од Кина, соопшти компанијата.

Во фабриката ќе бидат инвестирани минимум 200 милиони евра и првично ќе бидат вработени 300 лица.

Мобилни мрежни технолошки решенија ќе бидат произведени за целиот европски пазар, велат од компанијата. Според Хуавеи, фабриката во Брумат, мало гратче на околу десет километри северно од Стразбур треба годишно да произведува опрема во вредност од милијарда евра.