Хрватска забележа 261 новозаразен и седум починати од Ковид-19


 

Националниот штаб на Хрватска ги објави новите податоци за корон вирус во земјата, па така денеска има нови 261 заболен и рекорден број тестирања 5.690. Починаа седум пациенти.

Од нив 313 пациенти се на болничко лекување, од кои 24 се на респиратор.

Починаа седум лица, со што вкупната бројка на жртви од заразата изнесува 218..

До денеска забележани се 13.368 заразени со новиот корона вирус, а 10.721 оздравеа.

Во самоизолација се 8.955 лица.

Тестирани се вкупно 216.495 луѓе.