Хрватска со 4.396 новозаболени од Ковид-19, починаа 64 пациенти


 

Во последните 24 часа забележани се 4.396 нови случаи со корона вирус во Хрватска, а бројот на активни случаи е 25.006.

Меѓу нив 2.802 пациенти се на болничко лекување, а 304 на респиратор.

Истовремено, починаа 64 пациенти.

Од почетокот на епидемијата до денеска регистрирани се 168.388 заразени, а 2.484 починаа. Оздравеа 140.898 лица, од кои 4.177 во последените 24 часа.

До денеска тестирани се 861.401 лица, а 11.687 во последните 24 часа.