Хрватска од понеделник воведува нови мерки за спречување на ценовниот шок
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес учествува на Европскиот совет и Самитот на еврозоната во Брисел. Како што објави Н1, тој даде изјава за медиумите и изјави дека Европската комисија обезбедила рамка поддржана од Европскиот совет што ќе им помогне на земјите-членки во намалувањето на енергетските притисоци.
„Активностите што ги презема хрватската влада се исто така на овој пат. Ние бевме меѓу првите што тргнаа да го намалуваат ценовниот шок. Барел нафта вчера беше околу 116, 117 долари, ќе излеземе со слични мерки во понеделник со цел да спречиме голем скок на цените, што би се случил поради ситуацијата на пазарот. Според мене, оваа криза ќе биде посериозна и потешка отколку што беше на почетокот на руската агресија врз Украина“.
Тој им порача на граѓаните на Словачка и Унгарија дека Хрватска е нивен партнер и пријател и дека „поради нас“ нема да има закана за снабдувањето со енергетски ресурси.