Хрватска денеска со 8.587 новозаразени, уделот е 46 отсто
Рекорден број новозаразени забележани се денеска во хрватска, со 8.587 заболени од Ковид-19, а уделот на позитивни од тестирани е 46 отсто.
Истовремено починале уште 32 пациенти од последиците на болеста.
Активни се 35.202, а од нив 1.841 пациент се лекуваат во болница, додека на респиратор се 230.
Од почетокот на епидемијата во хрватска до сега заболеле 736.486 лица, од кои 12.731 починаа, а до денеска се тестирани 3.812.320. Во последните 24 часа тестирани се 18.689.