Хрватска: Бројот на вработени во индустријата помал за 2,4 отсто на годишно ниво
Вкупниот број на вработени во индустријата во декември минатата година е помал за 0,4 проценти во споредба со ноември, а во споредба со декември 2019 година е помал за 2,4 проценти, покажуваат податоците на Централното биро за статистика (ЦБС), јави Хина.
Податоците за вработувањето во индустријата на месечно ниво, според националната класификација на активности, покажуваат најголем пад на бројот на вработени во помошни услуги во рударството, за 6,2 проценти, и на производството на други превозни средства, за 3,4 проценти.
Најголем пораст на бројот на вработени е забележан во производството на машини и опрема, за 1,4 проценти.
На годишно ниво, статистиката покажува најголем пад на бројот на вработени во производството на кокс и рафинирани нафтени производи, за 19,6 проценти, помошни услуги во рударството, за 19,2 проценти, производство на облека за 12,3 проценти и производство на други средства за транспорт, за 10, 2 проценти.
Најголем годишен раст на бројот на вработени е забележан во производството на текстил, за 22,4 проценти, производство на компјутери и електронски и оптички производи за 6,1 процент, хемикалии и хемиски производи за 4,3 проценти и основни фармацевтски и фармацевтски производи, за четири проценти .
Според ДЗС, во 2020 година, во споредба со 2019 година, бројот на вработени во индустријата паднал за 2,9 проценти.
Вкупната продуктивност на трудот во индустријата од јануари до декември 2020 година во споредба со истиот период во 2019 година е поголема за 0,1 процент.