(Видео) Хрват ги снимил цените на слатките во Германија: Кога ќе ги видите нема да ви биде добро
Тиктокер ги објави цените на производите во Германија кои се пониски од оние во Македонија.
Тиктокер Андро по потекло од Хрватска објави видео од маркет во Германија, на кое се гледа дека цените на некои производи се пониски отколку во Македонија. „Кога луѓето ме прашуваат зошто живеам во Германија“, изјави тој во описот на видеото.
Младиќ објави видео на кое се гледа цената на „Нутела“, „Принглс“ и „Милка“. Споменатите производи биле во продажба во моментот на снимањето, но неверојатно е дека Нутела од 750 грама чини 2,79 евра.
Човекот ја забележал и цената на грицките. „Принглс“ на продажба во продавница во Германија чинат 1,59 евра или околу 98 денари. Во Македонија, во една продавница, Pringles со попуст чинат 159 денари. Во видеото посебно внимание привлече цената на млечното чоколадо, која е 0,64 евра или околу 40 денари
@bok.andro nema nazad 🤌🏻 #fyp #foryou #balkan #balkantok #hrvatska #cijene #kupovina ♬ Wild Mensur – Miljana Kulić