Хотел со 0 ѕвезди, а поглед од милион долари
Хотел со нула ѕвезди во Швајцарија воодушеви многумина!
Луксузните хотели со 5 ѕвезди, базени и дополнителни услуги повеќе нема да бидат интересни, а доказ се се повеќе места за одмор во природа. Еден од нив е „хотели со 0 ѕвезди“. Иако гостите имаат на располагање само брачен кревет, две ноќни маси и столни ламби, погледот и различното искуство што го добивате додека „престојувате“ во него не може да се опише.
Имено, двајца браќа и уметници, Френк и Патрик Риклин, дошле до генијална идеја – да отворат своја верзија на хотел со нула ѕвезди на југот на Швајцарија. Нема покрив, ниту ѕидови, освен едната половина, која повеќе служи како украс, а единствено што им стои на располагање на гостите е ведрото небо.
Нивниот хотел досега смени неколку локации. Првобитно се наоѓаше во прекрасната глетка на Алпите со магичен поглед, потоа во лозјата, а потоа се движеше ни помалку, ни повеќе туку сред бензинска пумпа, што би било симболично за сегашните ограничувања на гас и поскапувањето на горивата. Секоја соба, вклучувајќи ја и услугата батлер, чини околу 308 долари за ноќ. И, се разбира, алтернативно (затворено) сместување е достапно за лоши временски услови, додека задолжителни се резервации, бидејќи се повеќе луѓе се заинтересирани за тоа.
Идејата за овој необичен хотел двајцата браќа ја добиле од актуелните случувања во светот и на овој начин сакале да укажат на промените кои му се потребни на општеството и да ги натераат луѓето да размислуваат за тоа. Како што самите кажаа, време е да почнеме да размислуваме за проблемите во светот – климатските промени, војната и начините на кои ѝ штетиме на планетата.
View this post on Instagram