Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Имате силно чувство кое што ви кажува дека треба да се повлечете и да уживате во сопственото друштво, дури и ако сте во широк круг на луѓе: вие сте прекрасно и храбро битие, кое што не се плаши да открива нови простори и да ја истражува својата емоционална длабочина. Откажете некој проект, за да стигнете на некој друг состанок.

БИК: Нешто сосема ново се случува во вашиот живот: средби со луѓе кои што се различни од вас, со кои што може да се развивате постепено кон подобро. Се јавува нова кауза за која што сте подготвени да се борите: бидете меки и нежни со себе и постепено ќе ги освоите и туѓите симпатии. На овој начин ќе направите долготрајни промени.

БЛИЗНАЦИ: Трпеливи, вредни и фокусирани, денес успешно ќе ги надминете сите блокади: јавно кажувате што е она што ви смета и соработувате со тимот во саканата насока. Ако стапнете на непознат терен, земете си слобода да измислите нови правила и излезете од воспоставената рутина: повеќе не постојат црно-бели вистини, туку само силна воља.

РАК: Конечно гледате малку светлина на хоризонтот и на тој начин ја враќате својата добросостојба: си задавате задачи кои што ја хранат вашата душа, наместо да го одземаат нејзиниот мир. Уживате во луксуз, задоволство и љубов во својот дом и не дозволувате да бидете занесени од туѓите каприци: имате поголемо разбирање за своите најмили.

ЛАВ: Ова е ден кога ќе добиете некаква покана со која што ќе може да започнете нов циклус и да ги проширите своите хоризонти: вие го држите клучот на својата судбина и влечете разумни потези со кои што ќе се ослободите и подмладите. Слушајте ја интуицијата и реагирајте решително. Точно знаете што сакате, а што не и нема повеќе да се убедувате.

ДЕВИЦА: Ако сакате да пораснете и да излезете од својата комфорна зона, ќе треба да ги прифатите поканите за некаков јавен настан: штом ќе бидете таму, не кријте се во последните редови, ниту пак туркајте се во првите, туку користете ја имагинацијата за да откриете кога треба да настапите. Тоа ќе ви даде предност, самодоверба и духовен мир.

ВАГА: Прекрасен ден во кој што ќе ја покажете својата избалансирана природа и софистицирана моќ: колку и да не се согласувате со она што се случува наоколу, ќе ја претставите својата шармантна насмевка и ќе ги задржите на страна оние кои што не ви се бендисуваат. Ова е голема предност, но и шанса да здобиете нови симпатии. Вечерни прошетки.

СКОРПИЈА: Нешто необично се случува во вашиот интимен живот: старите врски се менуваат, а новите ја немаат саканата стабилност. Ако вие самите не се сакате себе си, како може да очекувате дека некој ќе ве сака? Внатрешните конфликти се одразуваат во реалноста и верувате дека треба да се натпреварувате со другите. Сакајте се повеќе!

СТРЕЛЕЦ: Доаѓате до информации со важна содржина: можеби тоа е само обична забелешка во секојдневието, мејл или фраза на радиото, која што ќе ви покаже дека треба да верувате повеќе. Откријте ја својата разиграна природа и не правете отпор кон она што се случува: бидете спокојни и ќе го добиете она што ви припаѓа. Излегувате од лавиринтот.

ЈАРЕЦ: Иако минувате низ еден период со несакани влијанија, успевате да се ослободите од тензијата верувајќи дека наскоро ќе дојде до промена. Дружете се со луѓе со слични афинитети, со кои што ќе откриете нови начини да се ослободите од потешкотиите и да креирате нов животен стил. Започнатите проекти се комплетираат: успешни сте!

ВОДОЛИЈА: Ве очекуваат крупни општествени промени, со кои што креирате мини реформи дури и во сопствениот двор: никој не му побегнал на законот на кармата, па така нема ниту вие. Не седете со скрстени раце, туку покажете ги своите адути: вистината ќе ви се врати со вистина, а лагата со лага. Ако сакате да напредувате, направете реформа: релаксирајте се.

РИБИ: Одличен момент да ги покажете своите таленти: сепак, избегнувајте да сте дволични и намалете ги силните емоции. Ќе се изненадите самите себе ако се однесувате достојно со оние кои што ги среќавате: не тежнејте кон перфекционизам, туку сакајте ги луѓето со сите нивни доблести и маани. Тука никој не е полош, ниту подобар од другите.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]