Хејт Словени, уште сте живи?: Регионални ѕвезди снимија спот против говорот на омраза
БиХ- Магазинот „Бука“ од Босна и Херцеговина објави видео спот против говор на омраза насловен „Хејт Словени, уште сте живи?“. Спотот е дел од кампањата против говор на омраза која „Бука“ ја реализира во изминативе неколку месеци.
Видеото е напишано и режирано од загрепскиот режисер и писател Предраг Личина, а во главните ликови играат Северина, Христина Поповиќ и Горан Богдан.