Хејли Бибер е новата муза на „Џими Чу“: Високите потпетици пак се во мода


САД- Манекенката Хејли Бибер и сопруга на поп-ѕвездата Џастин Бибер е новата муза на брендот на луксузни чевли „Џими Чу“ јза есенската кампања 2021.  Бибер позираше за фотосесијата на Пјер -Анџе Карлоти на локација во Лос Анџелес .

Креативната директорка Сандра Чои користеше смели форми и светли бои за есенската линија, што може да се види и од кампањата со Бибер насловена „Time to Dare“. Хејли позира во кадифени чизми и во сатенски чевли со вртоглаво висока потпетица. 

„Хејли е олицетворение на духот на Џими Чу денес – гламурозна, секси, примамлива, смела и самоуверена“, рече Чои. „Таа совршено ја опфаќа ДНК -та која е суштината на нашиот бренд. Ја сакам нејзината енергија, стил и вродена доверба што доаѓа низ секоја од фотографиите “.

Бибер, исто така, неодамна е ангажирана и во во кампањите за YSL и Superga.

Брендот „Џими Чу“ повторно се враќа на сцената со зголемена продажба на своите луксузни чевли. Матичната компанија Capri Holdings Ltd. објави квартална заработка што ги надмина очекувањата за првиот квартал 2022 година, при што продажбата достигна 142 милиони долари , што претставува раст од 178% во однос на претходната година.