Хари и Меган допатуваа на Блискиот Исток по повод самитот за потребите на бегалците
Аман – Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган, утрово допатуваа во Јордан на своето прво заедничко меѓународно патување по повеќе од една и пол година. Тие ќе дадат поддршка за ранливите заедници погодени од конфликти и раселувања, соопшти Еј-би-си.
За нејзината посета во странство, Меган носеше стилски бел ансамбл составен од бели панталони, структурирана јакна и класична маица во иста нијанса. Во меѓувреме, нејзиниот сопруг носеше беж панталони, бела кошула и црна јакна.

Двојката пристигна по покана на генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, и учествуваше на округла маса заедно со претставници на ОН, донатори и дипломати. За време на посетата, принцот Хари и принцезата Меган ќе се сретнат со јордански лидери, ќе посетат програми за примарна здравствена и ментална заштита и ќе ја видат работата на организацијата „Ворлд сентрал кичен“ (World Central Kitchen), која координира храна за Газа.
Тие ќе го посетат и младинскиот центар „Квест скоп“ (QuestScope) учествувајќи во проекти што овозможуваат медицинска евакуација на деца погодени од војната во Газа. Британскиот амбасадор во Јордан, Филип Хол, им се заблагодари на војводата и војвотката од Сасекс за доаѓањето на Блискиот Исток нагласувајќи дека нивната поддршка на напорите на Обединетите нации, вклучувајќи ги и СЗО и владата на Јордан, е исклучително ценета.