Хаотична епидемиолошката состојба во Германија


Епидемиолошката ситуација во Германија и понатаму е тешка, што се одразува во дневната бројка новозаразени, кој во последните 24 часови достигна 67.186.

Исто така, бројот починати од корона вирус расте, па последниот ден починале 446 лица, а само за спореба, пред една недела имаше 335 починати.

Седумдневната инциденца постојано расте, па во однос на вчера скокна од 442,9 на 452,2. Жаришта на инфекцијата се покраините Саксонија, Тиринген и Бранденбург, во кои се наоѓаат десет округа со најголем број новозаразени.

Во Германија до сега, според податоците на Институтот „Роберт Кох“ 5.903.999 Германци биле поситивни на вирусот. Сепак, од Институтот сметаат дека бројот на инфицирани е далеку повеќе поради неоткриените инфекции.