Хаос во полскиот парламент: Менората ја гасел со противпожарен апарат (видео)
Екстремно десничарскиот полски пратеник Гжегож Браун употребил противпожарен апарат за да ги изгасне свеќите на менората во парламентот, по што беше исклучен од седницата.
На снимката која ја објави приватната ТВН24 се гледа како Браун, член на Конфедерацијата, зема апарат за гаснење пожар, како оди по ходникот на парламентот до свеќите, по што се формира бел облак, што го натера обезбедувањето да ги евакуира луѓето од тој дел од зградата.
🇵🇱🚨‼️ BREAKING: Polish MP Grzegorz Braun puts out Hanukkah candles with a fire extinguisher in the parliament building!
Those around him can be heard saying: “you should be ashamed.”
He responds: “Those who take part in acts of the satanic cult should be ashamed.” pic.twitter.com/JQyiHqPEvf
— Lord Bebo (@MyLordBebo) December 12, 2023
Тој потоа се упати кон говорницата во собраниската сала, каде што го прогласи Ханука, еврејскиот празник кој започнува на 7 декември и завршува на 15 декември за „сатански“ и додаде дека неговиот чин ја враќа „нормалноста“.
На прашањето дали се срами од својот чин, Браун одговори дека треба да се засрамат оние кои учествуваат во „актите на глорификација на сатаната“.
Претседателот на парламентот Шимон Холовнија го исклучи од седницата и најави дека ќе ги извести обвинителите за неговиот чин. Браун ја напушти салата, откако претходно се ракуваше со други пратеници од екстремната десница.
„Нема да има толеранција за расизмот, ксенофобијата и антисемитизмот се додека јас сум претседател на парламентот“, предупреди Холовнија.
Во изјавата, полскиот кардинал Гжегож Риес и се извини на „целата еврејска заедница“ во Полска, велејќи дека се срами од постапките на Браун.