Хаос во конгресот во Мексико: Пратениците се влечеа за коси (видео)


За време на седницата на Конгресот во Мексико Сити, се водеше дискусија која на крајот се претвори во општ хаос.

Видео објавено на интернет ги прикажува пратениците од соперничките партии како се борат за место на говорницата во предниот дел од салата.

Кавгата меѓу жените ескалираше од викање до туркање и на крајот до меѓусебно влечење за коса додека другите пратеници се обидуваа да интервенираат.

Сцената се случи за време на дебатата за реформите на агенцијата за надзор на транспарентноста во Мексико Сити. Членовите на десничарската Национална акција (PAN) протестираа против однесувањето на левичарската партија Морено, која е на власт.

Претставниците на PAN ги држеа своите позиции на говорницата додека членовите на партијата Морено се обидуваа да ги отстранат, што доведе до судири. Двете партии го осудија насилството по инцидентот, но ги обвинија своите противници за неговото започнување.

„Мирно ја окупиравме говорницата, без да допреме никого, а одлуката што ја донесе мнозинската законодавна група и нејзините сојузници беше да се обидат да ја вратат контролата врз комисијата преку насилство“, изјави помошникот на PAN, Андрес Атајде, на прес-конференција по инцидентот.

Портпаролот на Морена, Пауло Гарсија, даде слични тврдења за однесувањето на пратениците на PAN.

„Она што многу нè загрижува е како опозицијата систематски прибегнува кон насилство наместо кон аргументи, во отсуство на можности за дебата“, изјави Гарсија подоцна во интервју за мексиканските медиуми.