Хаос во Ерусалим: Десетици се повредени
Десетици луѓе се повредени во судирите во источен Ерусалим, меѓу крајно десничарските еврејски активисти, Палестинците и израелската полиција.
Стотина ултрадесничарски Евреи кои извикувале „Смрт за Арапите# се спротивставиле на палестинските демонстранти на градската врата Дамаск, пишува Би-би-си.
Палестинците ја обвинија полицијата дека се обидува да ги спречи да одржат вообичаени рамазански вечерни собири под капијата Дамаск, историска знаменитост во ерусалимскиот Стар град.
Полицијата, која се обидела да ги раздвои двете групи, користела шок-бомби и солзавец против демонстрантите, од кои некои фрлале камења и шишиња.
Одреден број луѓе се уапсени. Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека е повредени се најмалку 100 Палестинци, вклучителни и 21 на кои им требало болничко лекување.
Портпаролот на полицијата соопшти дека полицијата ќе делува против насилството и нередите од секој вид.