Хакерски напад врз Клиничката болница во Загреб, морале се да исклучат


Денес во утринските часови имаше сајбер напад врз системите на КБЦ Загреб, јавија хрватските медиуми.

„Од наведената причина, принудени сме да ги исклучиме сите системи за дополнителни проверки, а ќе ги вратиме во производство кога ќе се увериме во нивната исправност.

Наведената состојба нема да ги загрози пациентите во КБЦ Загреб“, велат од КБЦ Загреб.