Грузија: Опозициски политичар го намачка со црна боја шефот на изборната комисија


Давид Киртадзе, политичар кој и припаѓа на опозицијата во Грузија, истури црна боја врз шефот на изборната комисија во земјата, Ѓорѓи Каландаришвили, откако тој ги потврди резултатите од контроверзните парламентарни избори.

Каландаришвили потпиша протокол во кој се тврди дека проруската партија Грузиски сон освоила најмногу гласови и доволно пратеници за повторно формирање на владата, што предизвика неколкудневни протести во главниот град Тбилиси.

Грузискиот прозападен претседател Саломе Зурабичвили го опиша гласањето како нелегитимно, обвинувајќи ја Русија за мешање.

Во знак на протест против ваквиот чин на шефот на изборната комисија, Киртаџе реши да го полие со црна боја, а видеото од овој инцидент стана вирално на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Грузискиот сон освои 89 места во грузискиот парламент, што е повеќе од доволно за самостојно формирање влада.

Опозициските партии целосно ги отфрлија изборните резултати, а од Европската Унија порачаа дека овој демократски процес не е спроведен на фер и чесен начин.