Гром усмрти маж во Црна Гора


Силно невреме, со силен дожд и урагански ветрови, го погоди Бар.

 

Во пристаништето Бар паднаа големи кранови, т.н „мостови“. Според првите, неофицијални податоци на порталот „Бар инфо“, едно лице се здобило со полесни повреди.

Од компанијата потврдија дека штетата е огромна и дека подоцна ќе ја објават.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Подгорички времеплов (@podgoricki_vremeplov)

Едно лице загина од удар на гром во Луштица, информираат за агенцијата МИНА од Оперативно-комуникацискиот центар (ОКЦ) на Управата на полицијата.

– Едно лице изгледа загина од удар на гром на теренот за голф Луштица Беј – соопштено е.