Гром уби 13-годишно девојче на Халкидики


Трагичен настан се случи денеска на Халкидики, Грција кога 13-годишно девојче го загуби животот откако го удри гром.

Трагичниот инцидент се случил околу 16 часот и 30 минути кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првичните информации полесно е повредена и нејзината мајка.

Треба да се напомене дека на подрачјето на Халкидики денеска времето е лошо со обилни врнежи од дожд. Полициската управа Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот, пишуваат грчките медиуми.