Гренел и Фридман меѓу кандидатите за американски амбасадор во ОН


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека има неколку потенцијални кандидати за американски амбасадор во Обединетите нации, меѓу кои Ричард Гренел, поранешен амбасадор во Германија и пратеник за Западен Балкан и Дејвид Фридман, поранешен пратеник во Израел.

Трамп рече дека околу 30 луѓе се заинтересирани за позицијата.

-Имаме многу добри луѓе кои го сакаат тоа, Дејвид Фридман, Рик Гренел и можеби уште 30 луѓе. Сите ја сакаат таа позиција. Тоа е позиција која создава ѕвезди, рече Трамп.

На крајот на март тој ја повлече номинацијата на републиканската претставничка Елис Стефанек за амбасадор на САД во ОН поради потребата на републиканците да задржат тесно мнозинство во Претставничкиот дом на САД.