Грција ќе издаде нова десетгодишна државна обврзница


Во следните 24-часа Грција се подготвува да издаде десетгодишна обврзница, од која државата може да добие од 1,5 до два милијарди евра, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според истите информации, Министерството за финансии на Грција преку обврзницата ќе се обиде да ги покрие зголемените трошоци за поддршка на економијата, додека пак целта на Агенцијата за управување со јавниот долг е во текот на оваа година да издаде обврзници во вредност од 12 милијарди евра.