Грчка принцеза во Париз ја промовира легендарната чанта Capucines на „Луј Витон“ (видео)


Франција- Принцезата Олимпија (24) од Грција и Данска е новото заштино лице на луксузната модна куќа „Луј Витон“ за промоција на нивната легендарна чанта  Capucines.

Новата сезона донесува нови бои и текстури, пригодни за секоја млада дама, дури и принцеза. Фотографирана од Микаел Јансон,принцезата Олимпија која живее и работи како модел во Америка прикажува чанти во маслинесто-зелена, темносина и смарагдно зелена боја на легендарни локации во Париз. Стилистката Изабел Кантуур ги истакнува и лесните палта на LV, борбени чизми и лежерните здолништа. Покрај фотосесијата, принцезата се појавува и во краток филм.

 „Луј Витон ја избра елеганцијата на младата принцеза за да ги истакне новите стилови на чантите Capucines во Париз. Поим на францускиот шик, неговата геометриска архитектура и препознатливиот потпис, колекцијата го отелотворува духот на куќата “, се вели во соопштението на брендот за висока мода.