Градска советничка во Русија дошла на состанок во боите на Украина
Градски советник во Русија предизвика бес кај колегите откако се појавила на состанок носејќи венец од националниот цвет на Украина на главата.
Пирогова Хелга, членка на градскиот совет на Новосибирск, во Сибир, објави слика на која е облечена во синa блуза и со круна од жолти сончогледи – боите на украинското знаме. Хелга тврдеше дека нејзините колеги и викале за облеката и барале таа да ја напушти седницата.
Провокативната модна изјава доаѓа речиси три недели откако рускиот претседател Владимир Путин им нареди на своите војници да ја нападнат Украина. Се стравува дека десетици илјади цивили се убиени досега во неселективни руски напади врз градовите ширум земјата.
Рускиот опозиционер Алексеј Навални, исто така, ги повика своите сограѓани да се разбудат со вистината за она што се случува во Украина.
„Ги повикувам сите да излезат на улица и да се борат за мир“, рече тој. „Ако треба да ги наполниме затворите и полициските комбиња за да се спречи војна, ќе ги наполниме затворите и полициските комбиња“, порача тој.