Гори големо стрниште крај Црна Река – огнот видлив од Битола

Гори големо стрниште, екипите на противпожарната служба од Битола се на лице место, информираа од ЦУК.
Големите пламени јазици се видливи од делови од Битола.
По течението на реката Црна во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино гори трска висока и до три метри, изјави Горан Димкоски, командир на Територијалата против пожарна единица-Битола. Димкоски информира дека трската е запалена од околното стрниште кое доцна попладнето го изгаснаа екипи на ТППЕ-Битола и нема опасност по населените места кои се на поголема оддалеченост.
Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку. Гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна, додава директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Повторува дека нема опасност по населени места, а ТППЕ Битола се обидува да го изгасне.