Големо невреме на Сицилија, се бараат жртви

Во невреме што го зафати италијанскиот остров Сицилија, обилните дождови ги претворија улиците и патиштата во реки. Нуркачи и пожарникари трагаат по исчезната брачна двојка.
Училиштата се затворени, летовите се откажани, а надојдената вода и одроните направија многу штети.
Големо невреме ја погоди Сицилија, предизвика поплави коиносеа автомобили, нанесена е огромна материјална штета, а цивилната заштита и волонтери трагаат по жртви, јавуваат денеска италијанските медиуми.
Засега како исчезнати се водат маж и жена, брачна двојка, по кои се трега со нукачи и пожарникари.
За кратко време паднаа 150 мм дожд по метар квадратен, колку во нормални околности што паѓа во текот на неколку месеци.
На истокот од остовор затворени се училишта. Поради надојдената вода затворени се патишта, а десетици летови од аеродромот во Катанија се откажани. Прогласен е црвен метео аларм.
Според зборовите на директната цивилна заштита Салваторе Кочина, невремето уште не престанало, а повеќе стотини центри на цивилната заштита се во подготвеност, ја следат ситуацијата и состојбата на терен.
Тоа предупредување ќе биде на сила до полноќ.