Големо колку 16 олимписки базени! Дали знаете каде се наоѓа најголемото лизгалиште на отворено во Европа?
Најголемото лизгалиште на мраз во Европа може да прими околу пет илјади лизгачи одеднаш. Билети за возрасни може да се купат за само 8 евра, ако ги резервирате преку официјалната веб-страница.
Лизгањето на мраз на отворено е составен дел од декемвриските адвентски собири.
Ако сакате голема површина за вашите акробации, упатете се Унгарија, каде што во Градскиот парк во Будимпешта, се наоѓа најголемото лизгалите.
Ова европско лизгалиште на мраз на отворено зафаќа неверојатни 12 илјади квадратни метри и се наоѓа помеѓу Плоштадот на хероите и замокот Вајдахуњад во унгарската престолнина. Лизгањето на мраз тука се одржува од 1870 година, па затоа се смета за едно од најстарите лизгалишта на мраз на отворено во Европа.
Лизгалиштето во Градскиот парк е исклучително популарен избор за лизгање на крајот од календарската година и во пресрет на божиќните и новогодишните празници. Лизгалките може да се изнајмат за 3.000 унгарски форинти или околу 8 евра по лице, а цената на билет за лизгање варира во зависност од возраста на лизгачите и времето од годината во кое сакате да лизгате. Семеен билет за четири лица чини, на пример, 7.500 унгарски форинти или 20 евра, додека за 69 евра можете да добиете сезонска карта за еден возрасен со 10 вклучени посети на лизгање.
Сепак, лизгалиштето во Градскиот парк во Будимпешта не е најголемото отворено лизгалиште во Европа. Таа титула сè уште му припаѓа на московското лизгалиште, кое се наоѓа пред комплексот ВДНХ и зафаќа површина од дури 20.000 квадратни метри – површина од 16 поврзани олимписки базени.

Најголемото лизгалиште во Европа може да прими околу пет илјади лизгачи истовремено. Билетите за возрасни може да се купат од само 8 евра, ако ги резервирате преку официјалната веб-страница.

Најголемото лизгалиште на отворено во светот е целосно природно и се наоѓа во Канада. Поточно, тоа е каналот Ридо во Отава, кој замрзнува секој јануари и до март им дава можност на Канаѓаните да лизгаат на лизгалиште долго 7,8 километри и со површина од 165.621 квадратни метри.