Голем скок на корона-бројките во Србија


 

Според последните податоци, во Србија во последните 24 часа регистрирани се уште 386 новозаразени со Ковид-19.

Истовремено, починаа уште четири лица.

На респиратор се осум пациенти.

Во болница се луекуваат 452 лица.

Епидемиолозите предупредуваат дека граѓаните не треба да се опуштаат затоа што епидемијата не е завршена. Апелираат да се вакцинираат, одобено обраќајќи се на младите кои се уште се во најмал број кои се имунизирани.