Голем пад на бројките од корона заразени во Германија


Во неделата во сите 16 сојузни покраини седмодневната инциденца на заразата од корона вирус падна под 50, што отвора простор за отворање и попуштање на мерките.

Сојузната покраина Тириншка е последната сојузна покраина во која инциденцата падна под вредноста од 100, соопшти државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“ во неделата.

Во Тириншка изнесува 47, додека на подрачјето на на цела Германија оваа вредност во меѓувреме падна на 35,2.

Заводот за интензивна нега објави дека бројот на лица кои поради корона вирусот се наоѓаат на интензивни оддели е најнизок од почетокот на ноември лани.

Стручњаците сметаат дека падот на вредноста на инциденцата се должи на топлото реме, напредок во процесот на вакцинирање, како и зајакнатите тестирања на граѓаните.Досега околу 40 отсто од возрасните примиле барем една доза од вакцините.

Во меѓувреме во многу градови на сила стапија отворањара како дозвола за работа на терасите на угостителските објекти, отворање на базените и културните случувања на отворено. Сите мерки се поврзани со приложување на негативен тест за корона вирус.

Под инциденца од 35 ќе се отворат и внатрените делови на угостителските објекти и културни установи, а за тоа да се случи инциденцата треба да е пониска од 35 пет дена по ред без викенд.