Го одбиле за вработување во „Гугл“, а од својата идеја направил работа од соништата
Дизајнерот Ендру Бортон сонувал да се вработи во компанијата „Гугл“. Пред 18 месеци конечно го повикале на разговор.
Процесот на селекција опфаќал неколку разговори и решавање на задачи. Имено, требало да се осмисли нов производ кој би го направил за „Гугл“. Го поминал разговорот, а потоа на менаџерите им ја претставил својата идеја.
Тој смислил апликација за фитнес, која им овозможува на вежбачите да бидат сами свои тренери така што ќе го снимаат секој момент од вежбањето, а потоа ќе можат сето она што ќе го снимат да го споделат со другите.
Поминал 30 часа обидувајќи се да направи апликација која е толку добра што ќе им се допадне на главните луѓе во „Гугл“. Деноноќно работел на својот проект.
И кога на крајот завршил се и го предал планот – „Гугл“ му јавил дека е избран друг кандидат. Му препорачале следната година повторно да се пријави на конкурсот.
Во првиот момент се почувствувал многу лошо поради сето тоа, а потоа дошол до нова идеја: да направи свој стартап и така да ја пласира на пазарот оваа апликација.
Заедно со двајца пријатели се здружил и започнале бизнис.
Почетокот бил навистина добар.
Апликацијата се уште не е завршена, а веќе собрала 5.000 претплатници вежбачи, пет теретани и студија и повеќе бизнис клиенти.
Бортон со тоа интервјуто за работа го претворил во фантастична бизнис идеја.
Неговата апликација официјално е пуштена во работа оваа недела.