Го намалува крвниот притисок и помага при импотенција
Цитрулин е состојка за која бодибилдерите знаат повеќе отколку луѓето кои страдаат од висок крвен притисок. Сепак, може да биде корисно и за едните и за другите.
Имено, оваа амино киселина игра важна улога во таканаречениот циклус на уреа, при што нивото на амонијак се намалува и штетните материи се исфрлаат од телото.
Се покажа дека цитрулин придонесува за проширување на крвните садови и со тоа го намалува крвниот притисок. Оваа супстанца обично се комбинира со јаболкова киселина во додатоци, а добиената комбинација се нарекува цитрулин малат и ни помага да имаме повеќе енергија и ги штити мускулите од напор. Неколку студии покажаа дека е погоден за бодибилдери и кревачи на тегови, како и за велосипедисти и некои други спортисти, особено за оние кои не се во топ форма.
Поради проширување на крвните садови, овој додаток може да помогне и при еректилна дисфункција, но неговиот ефект во импотенцијата с сеуште се истражува.
Се користи до максимум три грама дневно, но само во консултација со лекар. До 18 години, бремените жени и доилки не смеат да го користат.