Го имате зборот на „врвот на јазикот“, но никако не можете да се сетите? Еве зошто ни е случува тоа и дали треба да не загрижи
Еве зошто ни се случува!
Го знаете тоа чувство кога разговарате со некого и не можете да запомните одреден збор. Ти е на врвот на јазикот, го тркалаш филмот, бараш асоцијација со тој збор, но залудно. Не чини, не чини… Самите научници токму оваа појава ја нарекоа „на врвот на јазикот“. Тоа се случува кога имате одредени информации во вашата меморија, но не можете да пристапите до нив во даден момент.
Зошто се случува ова?
Некои претходни истражувања покажуваат дека тоа се случува бидејќи деловите од мозокот одговорни за складирање и враќање на спомените не се поврзани, истакнува професор д-р Хејли Нелсон. Хипокампусот е тој што игра важна улога во складирањето и враќањето на спомените заедно со неокортексот, надворешниот дел на мозокот.
„Кога ќе го искусите феноменот „врвот на јазикот“, тоа е затоа што процесот на враќање на спомените моментално се блокира, веројатно поради ослабената врска помеѓу овие региони што го попречува непречениот проток на информации“, додава професорот.
Дали ова треба да ве загрижи?
Ќе се согласите дека овој феномен на „врвот на јазикот“ понекогаш може да биде фрустрирачки. Д-р Нелсон додава дека повеќето луѓе во дваесеттите и триесеттите го доживуваат овој феномен, што е сосема нормално и не треба да ве загрижува. Се јавува и во подоцнежниот живот, а доколку забележите зголемени пропусти во меморијата или слични когнитивни потешкотии, тогаш треба да се консултирате со лекар.