Гнев во Романија: Принцот од Лихтенштајн ја убил најголемата мечка во земјата
Еколошките групи тврдат дека принцот Емануел фон унд цу Лихтенштајн ја убил мечката Артур во заштитено подрачје
Еколошките групи обвинија принц од кралското семејство на Лихтенштајн дека ја убил најголемата мечка во Романија, што е во спротивност со забраната за лов на трофеи на големи месојади.
Романската невладина организација „Агент грин“ и австриската невладина организација ВГТ со изјава тврдат дека мечката, наречена Артур, била застрелана во март во заштитено подрачје на Карпатските планини од страна на принцот Емануел фон унд цу Лихтенштајн
Според невладините организации, принцот, кој е жител на Ригерсбург во Австрија, добил специјално одобрение од романското министерство за животна средина да пука во женска мечка која им нанесувала штета на фармите во Ојдула.
„Но во реалноста принцот не ја уби проблематичната мечка, туку мажјак кој живееше длабоко во шумата и никогаш не беше близу до локалитетите“, тврдат невладините организации. „Мечката по име Артур беше набљудувана од ренџер на ‘Агент грин’ во оваа област многу години и беше позната како див примерок ненавикнат на присуството на човекот и на изворите на храна што тој ги нуди“.
Асошиетед прес објави дека видел официјални документи за лов што потврдува дека принцот Емануел добил дозвола за четиридневен лов во март во округот Ковасна и дека на 13 март „собрал“ 17-годишна кафеава мечка, за што тој, наводно, платил 7.000 евра.
Габриел Паун, претседателот на „Агент грин“, рече дека Артур имал 17 години и дека е најголемата мечка забележана во Романија, а веројатно и најголема жива во Европската унија.
„Се прашувам како принцот може да направи забуна со женската мечка што доаѓаше во селото со најголемиот мажјак што постоеше во длабочините на шумата“, забележа Паун, велејќи дека рече дека е „јасно дека принцот не дошол да го реши проблем на локалното население, но да ја убие мечката и да го однесе дома најголемиот трофеј за да го закачат на ѕидот… тие пукаа во погрешна мечка“.
Кафеавите мечки се заштитен вид според меѓународните и романските закони, а Романија го забрани законот за лов на трофеи во 2016 година. Сепак, последователните влади дадоа исклучоци, издадени од министерот за животна средина, во случај на мечки што предизвикаа сериозна штета или им се закануваат на луѓето.
Романскиот министер за животна средина, Танцос Барна, за новинскиот канал „Диги24“ изјави дека утврдуваат дали мечката убиена од принцот е онаа за што добил дозвола и дека покрената истрага.
Асошиетед прес соопшти дека нивните обиди да стапат во контакт со принцот биле неуспешни. Весникот „Блик“ од Швајцарија го цитираше принцот дека тој нема да коментира за ова прашање.